Арсовска со честитка за Водици: Да ги негуваме хуманоста и солидарноста

 

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Северна Македонија и дијаспората по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици.

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, симболот на духовното раѓање и спасението, градоначалничката Арсовска присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите на реката Вардар на мостот Слобода, кој денеска по трет пат успеа да го фати Христијан Ниневски на кој Градот Скопје пожелувајќи му успех и среќа традиционално му додели златник и икона.
 

-Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и посакувам спокој, добро здравје и радост. Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога, со грижа и внимание за секој. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави!“, истакна Арсовска во соопштението.

19.01.2023 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега