Во март стартуваат железничките линии за товарен транспорт кон Солунското пристаниште

 

Управниот директор на Солунското пристаниште, Стилиано Агелудис, денеска соопшти дека во март идната година треба да стартуваат редовните железнички линии за товарен транспорт од Македонија кон ова пристаниште.

- Воведувањето на редовните железнички линии, што е договорено на средби со надлежните од институциите во двете држави, ќе ги намали транспортните трошоци, а тоа очекуваме да го зголеми транспортот, истакна Агелудис на прес-конференција по презентацијата во Стопанската комора на Македонија.

Вложени се  30 милиони евра, а ќе се инвестираат уште толку во нова опрема, машини, багери, вилушкари..Пристаништето работи постојано, 24 часа, а цените на услугите воопшто не се променети изминативе години и покрај економската криза.

- Од овие причини сме најконкурентни од Трст до Бургас и од Драч до Пиреа, посочи директорот. Минатата година вкупниот транспорт преку Солунското пристаниште бил 2,163 милиони тони рефус товари или преку 23.000 контејнери што е 13,35 отсто зголемување во однос на претходниот период.

10.12.2013 - 12:37
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега