Средба Јовески - Грковска за постапувањето и ефикасната борба против корупцијата
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
-На средбата беа презентирани активностите што ги реализира Јавното обвинителство во спроведувањето на сите стратешки документи чија цел е зголемена ефикасност во постапувањето и ефикасната борба против корупцијата. Притоа, Јовески ги појасни внатрешните механизми кои се воспоставени во Јавното обвинителство и кои гарантираат етичко и професионално постапување на јавните обвинители, соопшти ЈОРСМ.
Дополнително, јавниот обвинител Јовески, се наведува во соопштението, го образложи функционирањето на формираните истражни центри, нивната опременост и екипираност.
-Вицепремиерката Грковска изрази подготвеност, во рамки на своите надлежности за доброто владеење и унапредување на владеењето на правото, да даде поддршка на активностите на Јавното обвинителство со цел да се надминат нотираните предизвици во Извештајот на Европската комисија, информира државното Јавно обвинителство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа