Штипјани останаа без сон: Регистрирани два земјотреси во текот на ноќта
Земјотреси со јачина од 3,5 и 2,1 степен според Рихтеровата скала се почувствувани во Штип, во 03:24 и 04:11 часот утринава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресите бил на 70 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.
Земјотресите биле почувствувани од населението во Штип и околината.
12.04.2023 - 08:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа