Повторно невреме во Берово
Нестабилна облачност од стационарен карактер во моментов има во Малешевијата и Осоговските планини проследена со грмежи и врнежи од дожд, велат од УХМР.
Од Управата пишуваат дека најмногу дожд вчера наврнало во Берово.
„Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2): 62 Берово, 39 Куманово, 37 Охрид, 33 Пожар, 17 Дојран, 13 Струмица, 4 Крива Паланка, Претор, 3 Демир Капија, 2 Штип, 1 Прилеп, Виница, Тополчани, Маврови Анови“, велат од УХМР.
25.06.2023 - 13:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа