(ФОТО+ВИДЕО) Рама пристигна во Скопје - на аеродром го пречека Груби
Премиерот на Албанија, Еди Рама пред околу еден час пристигна на скопскиот аеродром, а таму го пречека вицепремиерот Артан Груби.
По пречекот од Груби на скопскиот аеродром, Рама беше пречекан и од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски пред платото на Владата со највисоки државни почести.
„Топло добредојде во Скопје за мојот драг колега, премиерот на Албанија, Edi Rama.
Денешниот ден е уште една можност за отворен разговор во насока на зацврстување на соработката и добрососедските односи, особено во контекст на нашиот европски пат, што е секако значајно за просперитетот на двете земји и за граѓаните.
Нашиот фокус е да градиме економски силни и безбедни држави“, напиша премиерот на Фејсбук објавувајќи фотографии од пречекот на албанскиот премиер.
Во моментов во тек е тет-а-тет средба на премиерите, по што ќе следи билатерална средба меѓу македонската и албанската делегација. Потоа, Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.
06.07.2023 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа