(ФОТО+ВИДЕО) Успешна мисија: „Тигрите“ го спасија параглајдеристот кој падна на Галичица
Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист.
Поради сериозните повреди на р’бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР.
Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим.
Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.
Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа