(ФОТО+ВИДЕО) Силниот ветер им ја отежнува работата на пожарникарите - беснее силен оган кај Старо Нагоричане
Голем пожар попладнево изби во атарот на с. Руѓенце, Општина Старо Нагоричане.
Ненајдениот силен ветер брзо го раширил пожарот, поради што е изгубена почетната контрола врз него, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Од УХМР известија дека не се очекува дожд во тој регион.
„Поради загрозувањето на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС“, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој во моментов е на лице место каде им помага на пожарникарите во гаснење на големиот пожар.
05.09.2023 - 16:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа