Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на опколениот манастир во Бањска

 

Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на опколениот манастир во Бањска, штотуку потврдија од Министерството за надворешни работи.

„Информираме дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Северна Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел,  во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани“, соопшти МНР.

Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил директна комуникација со министерката Грвала-Шварц, и  во моментов косовската полицијата го обезбедувала хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома.

„Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, додаваат од МНР.

24.09.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега