Марија Шерифовиќ стана мајка

 

Марија Шерифовиќ стана мајка. Српската пејачка доби бебенце со помош на сурогат-мајка.

Во емотивна објава на Instagram, таа сподели дека има син кој го добил името Марио.

Заедно со фотографијата од бебенцето, таа порача:

„Љубовта пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда на мојот живот. Се роди Марио. Сине, нека те води животот по своите најубави патишта, а јас ќе те штитам со мојата љубов од тага и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека биде тивко и топло сè што доаѓа од вас до него. Ве сакам сите! Со лубов, М&М.“

Откако се распространи убавата вест, 39-годишната музичка ѕвезда за српски „Блиц“ изјави:

„Долго се подготвував за тој момент, безброј пати си замислував во главата како ќе изгледа… И мајка ми и блиските пријатели ми кажуваа, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно… Ми се чини дека тие неколку минути на првиот допир траеја прекратко или предолго… Едноставно толку многу емоции од кои запира секое друго чувство“ – рекла таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

15.12.2023 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега