По гласините за оставка Алиу закажа прес-конференција

Откако во јавноста се појавија информации дека министерот за информатичко општество Азир Алиу ќе си поднесе оставка, тој закажа прес-конференција за денеска во 16 часот.

-Прес-конференцијата ќе се одржи денеска на 23.11.2024 во медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија со почеток во 16:00 часот, велат од кабинетот на Алиу.

Press24 веќе објави дека Алиу нема да си поднесе оставка. Информацијата за Press24 ја потврдија високо позиционирани функционери во неговата партија Алијанса за Албанците.

Според неофицијални информации, Алиу наводно се договорил 6те закони за реформа на јавната администрација да поминат со европско знаменце во Комисијата за европски прашања со која раководи ДУИ.

Овие закони и требаше да се најдат таму, но според информациите, претседателот на комисијата кој доаѓа од ДУИ не свикувал седница.

Азир Алиу доаѓа од Алијанса за Албанците, партија која е еден од најпосакуваните партнери за овие избори и од блокот на владејачките партии но и од албанската опозиција.

Неговата оставка би можела да се сфати и како сигнал дека неговата партија се оддалечува од владата иако имаше и шпекулации за внатрепартиски поделби околу начинот на кој Алијанса ќе излезе на изборите.

23.01.2024 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега