Што покажа допинг контролата на ракометарите од Вардар и Металург?
Агенцијата за млади и спорт денеска соопшти дека ги доби резултатите од спроведената допинг контрола извршена од страна на Националната анти-допинг комисија врз 15 ракометари на Металург и Вардар по случаен избор.
Михаил Чипурин, Златко Даскалоски, Игор Карачиќ Игор и Алексеј Раствортцев, како и Билјана Црвенкоска, Екатерина Костјукова, Нигена Саидова и Ина Суслина од РК Вардар и Никола Кеџо, Игор Мандиќ, Раде Мијатовиќ и Златко Мојсоски, Драгица Митрова, Наташа Младеновска и Јована Саздовска од РК Металург, беа подложени на контролата за допинг која покажа дека ниту еден од 15-те ракометари не користел забранета супстанца од Листата на забранети супстанции и методи.
Од Агенцијата за млади и спорт информираат дека преку соодветната Комисија во наредниот период ќе продолжат со спроведувањето допинг контроли во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа