Од сега полесно до германски пасош: Реформите во Германија ново олеснување за странците
Во иднина, луѓето кои живеат и работат во Германија а немаат германско државјанство, полесно ќе се стекнат со истото.
Причина за ова се новите реформи кои Бундесратот ги одобри, по поднесување на предлог законите од страна на пратениците во Бундестагот.
Со овие реформи луѓето кои ќе добијат германски пасош може да го задржат пасошот од својата земја.
Исто така, наместо досегашните 8, за натурализација ќе бидат потребни само 5 години.
Но исто така германско државјанство ќе може да се земе и за 3 години доколку лицето покажало „посебни достигнувања во интеграцијата“, односно добри перформанси на училиште или на работа или пак некој граѓански ангажман.
Децата на странски родители ќе добијат државјанство при раѓање, ако едниот родител легално живее во Германија пет години, а не осум како досега.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа