Фон дер Лајен: Ги сакаме Западен Балкан и Украина во ЕУ, нема сиви зони во Европа

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Европската Унија сака Западен Балкан и Украина да влезат во европското семејство, бидејќи припаѓаат таму.

„Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект кој е единствен во светот, а тоа е она кон коешто целат Путин и другите автократи. И луѓето овде разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи“, рече Фон дер Лајен на панел на безбедносната конференција во Минхен.

 

Според неа, процесот за приклучување кон Европската Унија кој во моментов постои е исклучително важен чекор и не може да има повеќе сиви зони во Европа.

 

„Треба да одлучите. Или сте со Путин или сте со демократиите. Или сте со автократите или ги почитувате нашите вредности. И ние сакаме, Европската унија ги сака Украина и Западен Балкан во нашето европско семејство, бидејќи тие припаѓаат на нашето европско семејство“, изјави Фон дер Баркинг.

 

Таа рече и дека Европската унија е силна и решена да ги брани демократијата и мирот.

 

 

17.02.2024 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега