Демири: Бараме начин да му помогнеме на Леонид - системско решение по изборите

 

Министерот за здравство, Илир Демири вели дека надлежните бараат решение како да му се помогне на младиот Леонид Индов кој со медикоптер беше префрлен во Виена, но по две недели државата не одобри средства за негово лекување во странство.

Одговарајќи на новинарско прашање Демири вели дека во моментот не може да се бара системско решение за ваквите случаи поради техничката влада и претстојните избори.

-Државата, Владата, Министерство за здравство се посветени комплетно и ќе најдеме решение да му се помогне, не само на Индов, туку и на секој еден пациент кој има потреба за лекување. Системско решение во оваа техничка влада и предизборие не може да се најде. Значи, треба да се најде решение во кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците. За системско решение после изборите ќе зборуваме. Од повеќе сектори зависи тоа. Промена на регулатива и на закони не зависи само од Министерство за здравство, вели Демири.

29.02.2024 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега