Регистрирани нови случаи на голема кашлица, се предлага тестирање низ цела држава
Бројот на заболени од голема кашлица во Скопје достигна 141 откако претпладнево се регистрирани три нови случаи, потврди за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.
Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед, се новите препораки Комисијата за заразни болести (КЗБ) по нејзиното вчерашно заседавање во однос на спречување на пертусис.
Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, а се предлага и тестирање за голема кашлица низ цела држава. Вакциналните пунктови во Скопје работат во две смени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа