На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората
Граѓаните уште денеска можат да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори, бидејќи на полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората.
Од Државната изборна комисија ДИК) апелираат граѓаните да извршат проверка и доколку има потреба да побараат промена.
Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.
Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.
По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, синоќа до 20 часот се пристигнати 2049 пријави од кои 1430 се прифатени, 165 се одбиени, а не се обработени 434.
Гласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5 355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.
Електронското гласаење на изборите но и продолжување на часот за гласање на изборниот ден се добри за разгледување, доколку и опозицијата се согласи за тавиот начин на избори, порача вечерва
За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи.
Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.
Со последните измени и дополнувања на Изборниот законик предвидено е во Избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата.
Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори.
Во вториот круг од локалните избори 2021, во Општина Лозово од вкупно 1.974 гласачи на 9 избирачки места до 9 часот на гласање излегле 221 гласач или 11,5 проценти од гласачите запишани во Ед
Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори.
Согласно последните измени во Изборниот законик, за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. – Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, појасни Гугучевска минатата недела на прес-конференција во ДИК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа