Тошковски: МВР ќе ја унапреди соработката со приватното обезбедување


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на Комората за приватно обезбедување, каде меѓу другото истакна дека Министерството за внатрешни работи, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.

„МВР навремено да ги детектира сите можни нови форми на соработка кои се подеднакво во интерес како на приватната така и на јавната безбедност“, потенцираше министерот Тошковски при посетата на Комората на приватно обезбедување.

Акцент беше ставен на потребата од постојаната стручна и професионална надградба како на процесите така и на самиот човечки кадар во дејноста на приватното обезбедување и постојаниот контакт и размена на искуства и стручна соработка.
За време на посетата на  Комората на приватно обезбедување беше потенцирано дека соработката меѓу Министерството и Комората е добар пример за меѓуинституционално партнерство со високо ниво на комуникација со конкретни резултати во функционирањето.

20.09.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега