Тага во НБА: Почина легендарниот кошаркар
Легендарниот кошаркар Дикембе Мутобо почина на 59-годишна возраст.
Мутомбо почина по борбата со тумурот на мозокот. Славниот центар доминираше во НБА лигата во текот на 90-тите и 2000-тите години. Во тој период четири пати беше прогласен за дефанзивец на годината, осум пати настапи на Ол-стар натпреварот и трипати беше член на првиот тим на лигата.
Исто така тој е втор по вкупниот број блокади и трет по блокадите по натпревар.
„Дикембе Мутобо едноставно е поголем од животот. На теренот беше еден од најдобрите блокери и дефанзивци во историјата на НБА. Надвор од паркетот даваше се од себе и да помага на другите“, стои во прошталното писмо кое го објави НБА комесарот Адам Силвер.
Кошаркарот кој е роден во Конго кариерата ја започна во Денвер, а подоцна играше за Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа