Регистар на педофили има во најдемократските земји

Регистрите на педофили функционираат во речи си сите развиени демократски земји. Во САД, речи си секоја од сојузните држави има посебен регистар на сексуални претстапници каде осудениците се бележат со слика, име презиме и адреса каде што живеат. Американските граѓани можат преку интернет да проверат дали некој педофил ги демне нивните деца во местото каде што живеат и на колку километри од нив е оддалечен првиот сексуален престапник, познат на полицијата. Покрај овој ситем, целосен регистер со сите секусуални престапници на ниво на цела Америка води и ФБИ, кој исто така е јавен и каде сите можат да ги проверат податоците. 
Регистри постојат и во голем број европски држави.
Свој регистар има и Македонија, но пред неколку дена Уставниот суд на иницијатива на осудени педофили, најави постапка за преиспитување на уставноста и проверка дали се кршат човековите права на педофилите во Македонија

најчитано сега