Прв контакт: Украинските војници се судрија со војниците од Северна Кореја во Курск
Властите во Киев соопштија дека првите севернокорејски трупи во областа Курск биле под украински оган.
Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да ѝ помогнат на руската армија влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави началникот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко на Телеграм.
„Првите припадници на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск“, напиша Коваленко без да даде други детали.
Американскиот Стејт департмент потврди дека Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија.
Украинскиот лидер Володимир Зеленски минатиот викенд ги повика сојузниците на Украина да престанат само да го „набљудуваат“ присуството на севернокорејските трупи во Русија и да преземат мерки пред да почнат тие да учествуваат во борбите против Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа