Средба Сиљановска-Кристоф Камп: ОБСЕ може да помогне во евро-интегративниот пат

 

Македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, оствари средба со Кристоф Камп, Висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ.

- Ја истакнав усогласеноста на нашата легислатива за малцинствата со највисоките стандарди за малцински права, но и потребата од поголема грижа за помалите малцинства, со оглед на нивната ранливост, напиша претседателката на Фејсбук.
 
Високиот комесар Камп изразил подготвеност за експертска помош во креирањето или иновирањето на правната рамка, доколку има интерес и барање од страна на македонските институции.
 
- ОБСЕ може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и на западно-балканскиот евро-интегративен пат преку унапредување на заштитата на малцинските права, согласно фундаменталните документи за малцинствата, завршува Сиљановска.

24.04.2025 - 09:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега