Вигенин денеска во Скопје

 

Шефот на бугарската дипломатија Кристиан Вигенин денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Во рамки на неговата посета, Вигенин каде ќе оствари средба со неговиот македонски колега  Никола Попоски, на која ќе бидат разгледани билатералните проекти за соработка во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување.

Министерот Вигенин ќе има и свое обраќање на дипломатската академија на МНР на тема „ЕУ и Западниот Балкан: Предизвици во 2014 година“, како и средба со собраниската група за пријателство со Република Бугарија.

10.01.2014 - 08:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега