Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции ќе ја официјализираат соработката
Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија денеска ќе го претстави новозибраниот претседател, извршниот директор на „Арчелор Митал“ - Скопје Хуан Педро Иманез Наваро.
Според информациите на Стопанската комора на Македонија, Наваро, како претседател на Советот, и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка. Покрај тоа, на прес-конференцијата, медиумите ќе бидат запознаени со предизвиците за 2014 година и со работата на Советот во минатата година.
На настанот ќе учествуваат и потпретседателите на Советот на странски инвеститори Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на „ЕВН“ и Џатин Такрар, директор на „Џонсон Мети Македонија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа