Стартува судењето на обвинетите од „Шпион“

Во скопскиот кривичен суд денеска стартува судскиот процес против 19-те обвинети во случајот „Шпион“.

До самиот старт е неизвесно е дали судењето ќе биде отворено за јавноста, бидејќи поголем дел од доказните материјали се со предзнак „Класифицирани“.  Декласификација е направена за потребите на одбраната, кои со закон се обврзани да не изнесуваат ништо во јавност.

Голем дел од медиумите веќе добија дозвола од Врховниот суд да го следат судскиот процес, но, законот предвидува одлуката дали на медиумите и јавноста ќе им биде дозволено да го следат процесот да ја донесе претседателот на Советот, кој ќе ја води постапката.

Акцијата „Шпион“ опфати разузнавачи, контраразузнавачи, воени разузнавачи, поранешни и актуелни вработени во Армијата, УБК, Агенцијата за разузнавање, Државниот архив, шефот на Кабинетот на претседателот на Собранието. Тие се обвинети за шпионажа, измама, уцена, послужување во службата, недозволено изработување, држење и тргување со оружје, злоупотреба на државна службена или воена тајна, изнуда, оддавање државна тајна и злосторничко здружување.

 

 

27.01.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега