Намален бројот на извршени кривични дела во Крива Паланка

Според Информацијата на преземени мерки и активности на Полициската станица од општа надлежност од Крива Паланка, во текот на 2013 година биле извршени 210 кривични дела. Оваа бројка е за 7,5 проценти помала во однос на претходната година.

Од вкупниот број на кривични дела, 136 биле извршени од страна на непознат сторител, од кои во текот на годината расветлени се 65, а 74 кривични дела се извршени од познат сторител или вкупна реализација од 139 кривични дела со остварена ефикасност од 66,2 проценти.

Од вкупно регистрираните 184 извршители на кривични дела, 151 се полнолетни лица, 28 се помлади и постари малолетници и пет престапници се деца.

Против 184 лица извршители на кривични дела поднесени се вкупно 117 кривични пријави, од кои незаконити дејствија на државен и приватен имот причинета е вкупно материјална штета од 5.505.820 денари. 

27.01.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега