ФОТО: Студентите од групата по српски јазик на гости кај Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, по повод празникот Свети Сава, прими професори и студенти од студиската група по српски јазик и книжевност, во рамките на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

На средбата биле разменети мислења за состојбата со српскиот јазик и српската култура во Република Македонија. Воедно, соговорниците го запознале претседателот Иванов со досегашната активности и функционирањето на студиската група, нивните идни планови и предизвиците со кои се соочуваат дипломираните студенти.

 

рв пат нашите студенти официјално се примени од Претседателот на Република Македонија и мислам дека ова беше една прекрасна прилика студентите да се запознаат со Претседателот и можност да разменат мислење, рече проф. Александра Саржоска продекан на Филолошкиот факултет.

-Навистина е огромна чест да се присуствува кај Претседателот и да се разговара со него за сето она кое ни се случува на факултетот и со образованието. Уште поголема чест е што не прими токму на празникот Свети Сава, не сослуша, и добивме совети што навистина се од големо животно значење, истакна Маријана Димовска  студент од студиската група по српски јазик и книжевност.

Групата за српски јазик и книжевност е основана во 2007 година, на иницијатива на членовите на катедрата, и досега се запишани три генерации студенти.

27.01.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега