Индија ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф,  Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и Директорот на технолошките индустриски развојни зони Виктор Мизо денеска учествуваа на интернационалниот Самит организиран од индиската Стопанска комора и остварија повеќе средби со претставници на индиската Влада.

Македонската делегација се сретна со индискиот министер за индустрија и трговија Ананд Шарма, каде било истакнато значењето на економската промоција на меѓународниот бизнис и развивањето на глобалната трговија, а потоа присуствуваа и на свечената вечера што ја организираше премиерот на државата Карнатака, Сидарамаиах.

На Интернационалниот самит во Индија присуствуваат над илјада компании од 24 држави, кои ќе имаат прилика да се запознаат со можностите за инвестирање во Македонија.

28.01.2014 - 12:13
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега