Какво време нé очекува до крајот на неделата?

Времето во Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи од снег, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, a попладне со сончеви периоди и слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Утре и во петок ќе продолжи период на променливо облачно време, повремено со доста сонце, а нов влажен бран со дожд и снег ќе има во деновите од викендот.

29.01.2014 - 08:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега