Во Маврово снежна покривка од 21 сантиметар - еве кои места се најзатрупани

Врнежите од снег што ја зафатија Македонија формираа снежна покривка во Маврови Анови од 21 сантиметар, во Лазарополе 18, Крушево 16 и Куманово 13 сантиметри.

Како што информираат од УХРМ, во Битола има снежна покривка од девет сантиметри, во Претор осум, Штип и Прилеп седум, Дебар шест, Виница пет, Скопје четири, Демир Капија три и Крива Паланка и Берово два сантиметра.

Врнежите од снег засега престанаа, но, според УХМР, нови врнежи се очекуваат за викендот.

До крајот на работната недела ќе продолжи период на променливо облачно време, повремено со сонце.

29.01.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега