85 сообраќајки за една година во Крива Паланка

На подрачјето на Крива Паланка во текот на минатата година се случиле 85 сообраќајки. Оваа состојба се оценува како поволна во однос на 2012 година, кога се случиле 94 сообраќајни несреќи.

Во две од незгодите, загинале две лица, потоа седум несреќи резултуирале со тешки телесни повреди, 29 со лесни телесни повреди и 47 незгоди со материјална штета под 50 просечни плати во економијата.

На отворен пат сообраќајни несреќи се случиле 51, додека 34 се случиле во населени места.

Иако во текот на изминатата година се преземени одредени мерки од надлежните органи на превентивно репресивен план причини за случените сообраќајни незгоди се резултат на брзото возење или неприлагодена брзина, потоа управување на возило под дејство на алкохол, непрописно престигнување и обиколување, непочитување на првенство на пат и останати причини.

Штетата од причинетите сообраќајни незгоди се проценува на 4.410.000 денари. 

29.01.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега