Пливачот Јан Торп завршил во болница поради прекумерно конзумирање алкохол

 

Поранешниот апливачки шампион Јан Торп завршил во болница во Сиднеј поради проблеми со прекумерно конзумирање алкохол.

 Пливачот бил во депресивна состојба и видно вознемирен,а своите  проблеми со кои се соочувал долго време ги криел од јавноста и од своето семејство. За нив, кои го мачеле цела деценија првпат проговорил во неговата автобиографија објавена пред околу две години.

- Состојбата на Торп е сериозна и тоа е се што можам да кажам за сега. Се работи за извонредна личност, но има потешкотија да си признае дека има проблем и да се соочи со истиот, изјави Алан Џонс, австралиски новинар и еден од најблиските пријатели на некогашниот шампион.

Со три златни и два сребрени медали, Торп беше најуспешниот натпреварувач на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година. Како натпреварувач со најмногу освоени златни медали, беше избран од Австралискиот олимписки комитет да го носи знамето на затворањето како одликување за неговиот постигнат успех.

30.01.2014 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега