Вељаноски денеска ќе ги распише претседателските избори

Конечно денеска ќе се знае на кој датум ќе се оддржат претседателските избори. Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска ќе ги распише изборите. Тој во интервју за МИА истакна дека уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите и дека во конкретниот случај се работи за редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај.

Решението за распишување на изборите Собранието ќе го достави до Државната изборна комисија, која, според нејзиниот претседател Никола Рилкоски, е подготвена за реализација на изборниот процес, но и за одржување на предвремени парламентарни избори.

Се очекува петтите претседателски избори во Македонија да се одржат во април.

Кампањата ќе започне дваесет дена пред изборите, а партиите се уште не излегле со кандидатури за шеф на државата.

За потсетување, чествртите претседателски избори се одржаа на 22 март 2009 година, на кои победи актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

01.02.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега