Полицијата има осомничен за заканите за бомба во ОУ „Братство Миќени“

 

Поранешен ученик во основното училиште „Братство Миѓени“, малолетник од Тетово е осомничен дека ја испратил заканувачката порака за поставена бомба во дворот на училиштето, информира портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски.

Според информациите на Јосифовски, со соодветна судска наредба и во координација со јавниот обвинител, вчера попладне бил одземен компјутерот, од кој полицијата се сомнева дека малолетникот ја напишал и испратил поставената бомба. 

Од тетовската полиција информираат дека за дорасветлување на мотивите и намерите на момчето за испраќање на пораката ќе биде разговарано и со него во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи.

Инаку, во пораката што тој ја испратил до десеттина наставници од училиштето, пишувало дека има поставено бомба што ќе биде активирана доколку многу скоро не бидат оставени 100 илјади денари покрај дрво на влезот во училиштето кај спортскиот центар. Откако ја прочитале пораката, наставниците ги извадиле учениците надвор од училиштето, а полицијата извршила неколкучасовни претраги кои покажале нема никаква бомба во објектот и дворот.

13.02.2014 - 08:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега