Полицијата вчера го тресеше гостиварско

 

Во текот на вчерашниот ден полицијата изврши претрес во неколку куќи во населбата Циглана во гостиварско.

Според податоците од полицијата, извршен е претрес во четири куќи, во сопственост на 49-годишниот М.Т. 40-годишниот Ј.З. 43-годишниот И.Т. и 40-годишниот Д.Ј. кај кои се пронајдени поголем број предмети кои најверојатно потекнуваат од кражби.

Предметите кои ги пронајде полицијата ќе им бидат вратени на оштетените.

13.02.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега