Бесен стружанец направил хаос во УЈП

 

Стружанец денеска направил хаос во Управа за јавни приходи, Бесниот граѓанин ја демолирал влезната врата и со цврст предмет искршил неколку стакла од шалтереот поради неговата трансакциска сметка која била блокирана поради неплатена радиодифузна такса.

Врботената Олга Далчева  во одделението, потврди дека дека нејзините колеги не можеле да се справат со бесниот човек и побарале помош од полицијата.

- Вработените во УЈП направија обид да го спречат даночниот обврзник  во намерата, но сето тоа беше безуспешно поради што ја повикавме струшката полиција која го приведе, рече Далчева.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски најави дека случајот се расветлува по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки против даночниот обврзник кој се однесувал агресивно.

- Настанот беше пријавен во струшката полиција. По целосно документирање на случајот, против граѓанинот ќе биде поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир, изјави Димоски. 

13.02.2014 - 18:57
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега