55 годишен скопјанец умре од грип - уште седум лица се борат за живот на Инфективната клиника

 

55 годишен скопјанец заболен од инфлуенца А, починал вчера на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Ова е четврта жртва на грипот сезонава.

Д-р Билјана Петреска од Клиниката за инфективни болести информираше дека скопјанецот бил хоспитализиран на клиниката со црнодробна болест на 21 јануари.

- Покрај спроведената антивирусна терапија, пациентот почина вчера, рече Петреска на денешната прес-конференција.

На Клиниката во моментов се хоспитализирани 110 лица, од кои седум се на интензивна нега.

- Пет пациенти се во потешка здравствена состојба и имаат симптоми на грип, а еден е приклучен на механичка вентилација, додаде Петреска.

14.02.2014 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега