Струмичани ги наполниле возилата со Авганистанци и тргнале на пат

 

Тројца струмичани пред два дена биле фатени додека се обидувале да шверцуваат мигранти. Според податоците, се работи за 51-годишниот К.П. 49-годишниот М.З. и 29-годишниот З.П. кои завчера околу 21 часот биле фатени од страна на полицијата, додека со три возила се движеле со голема брзина во правец на автобуската станица Куманово.

Во првото патничко моторно возило марка „Хјундаи санта фе“ управувано од страна на К.П. биле пронајдени четири лица од Авганистан,додека во второто патничко моторно возило марка „Даеви леганза“ управувано од М.З. се пронајдени три лица без документи исто така со потекло од Авганистан. Третото возило марка БМВ не застанало на дадениот знак „стоп“ од страна на полицијата.

Полицијата открила дека се работи за организирана група која во повеќе наврати ги превземала мигрантите во близина на Ново Село, струмичко, каде што непознато лице давало инструкции и по претходен договор им ги предавало на пријавените мигрантите  кои потоа ги превезувале до паркот во близина на меѓуградска автобуска станица во Куманово. Од таму ги превземало непознато лице по потекло од Авганистан и истите се префрлувале до с. Ваксинце и с. Лојане, а понатаму преку Србија во земјите од ЕУ.

Полицијата трага по струмичанецот кој е во бегство.

14.02.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега