Го наполниле возилото со мигранти од Сирија и Авганистан - кривична за неготинчани и гостиварчани
Две лица од Неготино 33-годишниот Д.Д. и 34-годишниот Т.В.Џ. си заработија кривични пријави и 30 дена притвор за криумчарење пет мигранти од Еритреја. Во друг случај, за криумчарење државјани на Сирија и на Авганистан, кривични им се поднесени на четири лица од Гостиварско и Мавровско.
Во првиот случај, Д.Д., откако со Т.В.Џ. се договорил за 100 евра, на 15 февруари околу 21 часот ги презел петтемина Еритрејци на стариот пат за село Богородица за влез во Гевгелија. Ги превезувал со „нисан“ со бугарски национални ознаки и сопственост на бугарска фирма од Петрич, со одобрение за полномошно на второпријавениот. Полицијата од Граничен премин Богородица го запрела возилото и го привела и задржала во станица, а Т.В.Џ. е лишен од слобода на 16 февруари од полицијата во Неготино. Изречена им е мерка притвор од 30 дена, а мигрантите се сместени во прифатен центар за странци во Скопје.
Кривична пријава за криумчарење мигранти од Сирија и од Авганистан на 14 февруари им е поднесена и на А.Б. (23) од гостиварското село Здуње, Е.Б. (20) од гостиварско Балин Дол и двајца од мавровското село Врбјани - Е.А. (22) и Н.А. (21). Тие биле договорени околу 23 часот кај „Казино Сенатор“ во близина на локалниот пат Гевгелија - Богородица, а во криумчарењето биле употребени две возила („опел омега“ и „фолксваген кеди“) со гоститварски регистарски таблички, управувани од Е.А. и Н.А..
- Заминале до Гевгелија, каде што прво и второпријавениот прифатиле, а потоа во „опел омега“ превезувале двајца мигранти, сириски државјани, а пак Н.А. и Е.Б. во „фолксваген кеди“ прифатиле и превезувале девет мигранти, од кои петмина државјани на Сирија, а четворица државјани на Авганистан, кои ги оставил на регионалниот пат Гевгелија - Богданци кај местото Краварски пат, претходно избегнувајќи полициска контола кај „Раскрсница Богородица“, каде што полициски службеници го сопреле првото возило - „опел омега“, информира МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа