Едно од повредените девојчиња од Тетово се бори за живот - еве ги деталите

 

 

Едното од двете девојчиња кои синоќа по експлозијата која го потресе Тетово беа префрлени на скопските Клиники, денеска се бори за живот.

Како што пренесува Канал5, се работи за 14-годишното девојче од Тетово кое вчера со тешки повреди беше донесено на детската хирургија. За жал, тинејџерката изгубила многу крв, ампутирано и било десното стапало, а имала и тешки повреди по целото тело.

- Има повреди по целото тело. Денеска има солободување на десната рака, но стапалото мораше да се ампутира. Немаше друг начин девојчето да биде спасено, вели доктор Ратко Симеонов од Детската хирургија, пренесува Канал 5.

Другото девојче кое вчера беше донесено во болницата 8 септември е во стабилна здравствена состојба.

За потсетување, вчера попладне додека децата си играле на улица во ромското маало во Ттеово, експлодирала бомба. Осомничени и приведени се три лица. 

За осомничените повеќе прочитајте ТУКА.

17.02.2014 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега