Хорор во Тетово: Го ограбил и му истурил солна киселина на главата

 

Хорор го потресе Тетово. Крадец утрово околу 5 часот на улицата Страшо Пинџур, влегол во колонијалната продавница во сопственост на 43-годишниот тетовчанец С.А. и ја ограбил.

Според податоците од полицијата, засега непознатиот сторител на продавачот му истурил солна киселина во пределот на главата.

Тетовчанецот бил веднаш префрлен во Клиничката болница во Тетово. Полицијата трага по насилникот.

19.02.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега