Велешанец ја оштетил државата за 4.900.000 денари - еве како

 

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 46-годишниот Џ.Ј. од село Горно Врановци во општина Чашка за фалсификување или уништување деловни книги, даночно затајување и кражба.

Пријавениот Џ.Ј. со намера да се стекне со противправна имотна корист со фалсификувани деловни исправи-испратници заверени со печат и сериски броеви како оригиналните испратници кои му биле дадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нелегално сечел дрва од шума сопственост на Република Македонија во атарот на село Горно Врановци и со фалсификуваните испратници ги транспортирал и продавал прикажувајќи ги како легално посечени дрва.

Со тоа, пријавениот извршил бесправна сеча на 700 метри кубни огревно дрво со што ја оштетил државата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сума од 4 милиони и 900 000 денари. 

19.02.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега