Едно од момчињата кои со мотор се забија во пикап им подлегна на повредите
Страотна сообраќајна незгода се случила синоќа на улицата Првомајска во СКопје.
Според информациите кои претходно ги објави порталот Курир, околу 15 часот, на булеварот „Борис Трајковски“, две момчиња на возраст од 24 години се судриле со патничко моторно возило Ситроен берлинго. Момчињата не носеле кациги за заштита, а според тврдењата на очевидците кои се нашле на местото на несреќата, моторот се движел со брзина многу поголема од дозволената и вртејќи на кривина, удрил во возилото. Со него управувал 23-годишниот И.Б. од Скопје а негов сопатник било момче роден истата година со иницијали Н.К.
Според податоците на А1.он, едно од момчињата кои биле на моторот, им подлегнало на повредите во болницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа