Крвава тепачка во Прилеп: Сретнале полицајци и ги искршиле од ќотек

 

Патрола на Шумската полиција вчера вечерта била брутално нападната од поголема група насилници. 

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на стариот пат Прилеп-Велес, во близина на рудникот за мермер „Сивец“. Насилниците со тупаници и дрвени палки ги удирале полицајците, се додека на помош не дошле уште неколку полицајци кои пукале во воздух за да ја растераат групата.

Повредените полицајци се задржани на хируршкото одделение во болницата во Прилеп.

 

22.02.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега