Жена загина во страшна несреќа на патот Кичево-Охрид

 

75 годишната кичевчанка Веиба Д. загина во страшна несреќа која се случила вчера попладне на патот Кичево-Охрид.

Според информациите од МВР, несреќата се случила кога 37 годишниот кичевчанец Д.В. со својот „Пасат“ со бугарски таблички удрил во кичевчанката. Жената заработила тешки повреди и починала на пат кон кичевскиот медицински центар.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

22.02.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега