Уште една вработена во Македонска Пошта се „служела“ со парите на граѓаните
Граѓаните и плаќале за струја, а таа парите си ги ставала во џеб. 45 годишната В.Ј од Кочани ќе одговара кривично откако полицијата утврдила дека ја злоупотребила службената положба како вработена во Македонска Пошта и неовластено се послужила со 30 илјади евра. Кочанчанката во текот на 2013 година, спротивно на одредбите од Упатството за вршење платен промет во земјата, паричните средствата уплатени од физички лица по основ на платени фактури за електрична енергија и воден надомест ги присвојувала за себе притоа сторнирајќи ги сметките, а некои не ги евидентирала. Исто така, од трансакциони сметки на девет лица со налози за исплата на готовина подигала парични средства и ги користела за себе, а потоа со уплатница повторно им ги плаќала на сметките.
На овој начин, пријавената неовластено се послужила со 1.829.387 денари, противправно за себе присвоила 39.304 денари, а го оштетила друштвото за 27.429 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа