Скокнал од трет спрат но преживеал - гостиварчанец со скршеници пренесен во болница

 

 

Гостиварчанец приреди вистинска драма во Гостивар. Се работи за 43-годишен маж кој се здобил со тешки повреди откако скокнал од третиот кат на зградата во која живеел.

Се работи за  Џ.З. кој бил згрижен во гостиварската болница „Ферит Мурад“ половина час по полноќ со скршеници по екстримитетите и телото, по што е пренесен на скопските клиники.

Гостиварчанецот скокнал од балкон на станот близу големиот пазар и паднал на тревникот.

Засега не е познат мотивот поради кој тој решил да си го одземе животот.

27.02.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега