Грипот зема уште две жртви во Македонија

 

Грипот зема уште два животи во Македонија со што бројката на починати се искачи на девет. Се работи за двајца мажи на возраст од 63 и 47 години кај кои е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А, кои починаа  во текот на вчерашниот и денешниот ден на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

Пациентите околу 20 дена биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања, а едниот од нив имал билатерална бронхопневмонија, дијабетес и хронична срцева слабост, додека другиот – хроничен бронхит, бронхопневмонија и акутна бубрежна слабост.

Вкупниот број на заболени од грип во Македонија од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 18.882 или 37,9 отсто повеќе истиот период во претходната година.

27.02.2014 - 14:48
Фото: 
локално

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега