Металург и Зомимак ќе се судрат на Кале - финале на 21. Куп на Македонија

 

Ракометарите на Металург попладнево во СРЦ Кале во финалето на 21-от Куп на Македонија ќе играат против екипата на Зомимак од Струмица. Овие две екипи во полуфиналните дуели вчера остварија победи.
 
Во многу понеизвесното полуфинале Металург го победи ланскиот освојувач и организатор на турнирот Вардар Про со 21:20. Шампионот на Македонија, Металург водеше во текот на целиот натпревар, а „црвено-црните“ само еднаш изедначија.
 
Во второто полуфинале Зомимак го победи Металург Јуниор со 33:29 и се избори за своето прво финале и стана деветтата екипа финалист.
 
Металург ќе се обиде по петти пат да го освои Купот на Македонија, а по деветти пат ќе игра во финалето. 

ФОТО: Хитпортал

најчитано сега