СП Атлетика: Пандев го освои 36-тото место

 

Единствениот македонски атлетичар кој настапи на Светското првенство во сала во Сопот, Полска Ристе Пандев го освои 36. место во трката на 60 метри.

Тој се натпреваруваше во 6. последна квалификациска група каде беше шестопласиран во групата, во конкуренција на седум атлетичари. Пандев патеката ја истрча за време од 7 секунди. На трките на 60 метри во квалификациите се појавија вкупно  43-ца спринтери.

Најдобро време во квалификациите постигна Британецот Ричард Килти - 6.53 секунди.

Пандев најдобриот резултат на 60 метри го истрча лани во Маглинген кога имаше време од 6.86 секунди, а оваа сезона во сала има истрчано 6.87 секунди во Букурешт.

07.03.2014 - 20:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега